Желев: Одлуката на Бугарија да не ја поддржи Македонија е грешка

Од:

Тоа е грешка, така не се прави, изјави првиот бугарски демократски избран претседател Жељу Желев по повод за одлуката на Бугарија да не се согласи да биде одреден датум за започнување преговори со Република Македонија за приклучување кон ЕУ.

Желев во изјава за БГнес оценува дека на тој начин земјата паѓа на нивото на Грција, која ја блокира Македонија за НАТО и ЕУ единствено поради името.

– Тоа не значи дека треба да поминуваме преку лаги и измислици во Македонија упатени кон Бугарија. Но, тоа е друго прашање, а поддршката на Македонија за членство во ЕУ е одговорност на Бугарија, категоричен е Жељу Желев.

За време на неговото претседателство Бугарија ја призна независноста на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Софија е подготвена да потпише договор со Скопје за прекуграничен железнички тунел на Коридорот 8

ЕУ ја зголемува финансиската поддршка за палестинската управа

Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот

ЕУ издвојува уште една милијарда евра за Украина во рамките на заемот од Г7

Урсула фон дер Лајен: ЕУ е подготвена да се брани од американските царини со контрамерки