Кошаркарите на Куманово вечерва пред својата публика против Пеќ ќе го играат реванш натпреварот од полуфиналето во регионалната кошаркарска Балканска лига (БИБЛ).
Куманово ќе треба да ја надополни негативата од четири поени, по поразот на гостувањето во Косово, каде единствениот преостанат македонски претставник во БИБЛ конкуренцијата загуби со 83:79.
Средбата ќе започне во терминот од 19 часот, а подобриот тим по севкупниот скоп ќе игра во финалето во кое за противник ќе ја има бугарската екипа Берое која вчера и во вториот меч против црногорскиот тим Теодо забележа победа со 92:56.
Според календарот финалните натпревари во БИБЛ лигата ќе се играат на 11 и 20 април.