Иранскиот претседател Хасан Рохани изјави денеска дека мировните преговори за Сирија, под покровителство на Техеран, Русија и Турција, ќе продолжат во Казахстан.
Тој не го потврди точниот датум за почеток на следната рунда преговори.
Рохани ја даде својата изјава по дводневната посета на Москва, додавајќи дека за ситуацијата во Сирија и Јемен разговарал со рускиот претседател Владимир Путин.