ФИФА го казни Меси со четири натпревари неиграње

Од:

Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси денеска е казнет од ФИФА со забрана за играње на четири натпревари од квалификациите за Светското првенство и парично – 10.000 швајцарски франци поради навреди врз официјално лице на фудбалски натпревар.

Меси беше под истрага по навредите упатени кон помошник судија на натпреварот од четвртокот меѓу Аргентина и Чиле.

Дисциплинската комисија во ФИФА во соопштение наведува дека Меси е виновен поради „упатени директни навредливи зборови кон помошник судија“.

Меси нема да настапува вечерва против Боливија и во следните три натпревари на Аргентина против Уругвај, Венецуела и Перу.

Би можело да ве интересира

„Тајм“ го прогласи аргентинскиот фудбалер Лионел Меси за спортист на годината

Горан Наумовски

Новиот, можеби последен, дуел меѓу Меси и Роналдо во февруари во Саудиска Арабија

Хјустон го победи Интер и го освои УС Опен Купот, Меси натпреварот го следеше од трибините

Телохранителот на Меси доби интересна бизнис понуда

Телохранителот на Меси има нова функција додека трае натпреварот

Меси: Интер Мајами може да го освои финалето на Лига купот