Трамп ги повика републиканците да го отфрлат „Обамакер“

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп ги повика денеска републиканците да го поддржат неговиот план за здравствени реформи и да го отфрлат „Обамакер“, предупредувајќи дека во спротивно ќе ја изгубат секоја прилика да го реформираат.

– По седум страшни години на „Обамакер“, ова е конечно ваша шанса за голем план!, напиша Трамп на неговиот Твитер налог.

Тој објави ултиматум откако Претставничкиот дом на Конгресот го одложи гласањето за реформи за еден ден оти станало очигледно дека дел од републиканците не сакаат да го поддржат тој план.

Поништувањето на „Обамакер“, здравствената политика на поранешниот претседател Барак Обама, што ги обележа неговите два мандати, е едно од најгласните предизборни ветувања на Трамп.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

Жалбата на Трамп против одлуката на судијата Меркан е одбиена

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

Поранешниот адвокат на Трамп сведочеше дека и платил на Сторми Даниелс 130.000 долари за да молчи