Патнички автобус кој се враќал од сервис синоќа се запалил во близина на патарината Скопје – Тетово. Нема жртви и повредени, но причинета е позначителна материјална штета.
Возачот на автобусот безбедно излегол од автобусот.
Командирот на Противпожарната бригада на Град Скопје Ѕвонко Томески за МИА изјави дека е интервенирано со две возила на противпожарната единица од Ѓорче Петров и оти пожарот е изгаснат.
Според првичните проценки, автобусот се запалил поради технички проблем.