Второпласираниот тим во Бундеслигата и едно од поголемите изненадувања на сезона, Лајпциг би можел да ја пропушти следната сезона во Лигата на Шампионите поради кршење на правилата на УЕФА.
Според финансиските извештаи тимот на Лајпциг има негативно салдо, односно троши повеќе пари од нивните примања. Најголемиот дел од долгот се за позајмици од компанијата Ред Бул, која што поседува 99 отсто од клубот. Тимот ќе мора во следните неколку месеци ќе мора да обезбедат околу 52 милиони евра, за да ги исполнат обврските кон финансискиот фер плеј на УЕФА.
Но финансиската состојба не е единствената причина поради која што може Лајпциг да остане без Лига на Шампиони. Според правилата на УЕФА во елитното клубско натпреварување не смее да играат два или повеќе тимови со ист газда, а Ред Бул се јавува како доминантен сопственик и на тимот на Ред Бул Салзбург.