ВИДЕО: Повеќе од половина од граѓаните немаат доверба во македонскиот судски систем

Од:

Според истражувањето за јавната перцепција и запознаеноста на граѓаните со законот за бесплатна правна помош спроведено од организацијата „Реактор“ во периодот од крајот на септември до 21 октомври минатата година, повеќе од половина од испитаниците немаат доверба во судството, 74 отсто од 1219-те испитаници сметаат дека судскиот систем е по праведен за богатите, а 70,9 отсто не се запознаени дека во Македонија постои можност за остварување на правото на бесплатна правна помош.

Од Фондацијата отворено општество Македонија велат дека ова комплексно истражување е спроведено со цел да се дојде до информации какви се ставовите за правниот систем во Република Македонија.

– Бесплатната правна помош треба да се приближи и правдата да стане достапна за сиромашните преку спроведување на принципот правдата и судовите да бидат подеднакво достапни за сите, рече Нада Наумовска од ФООМ.

На прашањето дали граѓаните знаат каде да се обратат доколку им е потребна правна помош, 66 отсто од граѓаните одговориле дека знаат. Најголем дел од луѓето што вака одговориле ги навеле адвокатите како прва контакт точка каде тие би побарале правна помош додека пак само 4 отсто би побарале помош од подрачните единици на министерството за правда, а само 1,1 отсто од испитаниците би се обратиле кај граѓанските здруженија.

Оние кои можат да добијат бесплатна правна помош треба да исполнуваат неколку услови и тоа, да бидат корисници на некое законско право како социјална помош или детски додаток, да немаат приход кој надминува половина од просечната плата и да не поседуваат имот чија вредност надминува пет просечни плати.

Само 1,1 отсто од македонските граѓани ги исполнуваат сите услови да добијат бесплатна правна помош, на државно ниво ова би значело дека ваквата помош и е достапна само на 18 000 граѓани.

Според истражувањето, 24,8 отсто од граѓаните биле лишани од пристап до правда поради својата материјална состојба, имале потреба од ваква помош меѓутоа не ја оствариле токму поради фактот дека не биле во финансиска можност тоа да го остварат.

17,8 отсто не би побарале бесплатна правна помош дури и да имаат потреба, а од нив дури 59 отсто како причина ја наведуваат недовербата во судството. Ова кажува дека речиси 1/5 од граѓаните би ги оставиле своите правни проблеми да бидат не решени отколку да стапат во интеракција со институциите.

-Имајќи предвид дека во Македонија секое второ лице има правен проблем, речиси една третина од луѓето живеат под прагот на сиромаштија и знаејќи дека законот за бесплатна правна помош има суштински слабости, ФООМ и понатаму ќе продолжи да работи на ова прашање, рече Наумовска.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

ИКС: Најголемите партии се и најголеми сејачи на токсични наративи

A1on

Галуп Интернешенел: Само петтина од Македонците очекуваат 2024 да биде подобра од 2023 година

A1on

Секој четврти Европеец смета дека неговата финансиска состојба е „несигурна“

А1он

Истражување: Повеќе од 18.000 малолетни деца-бегалци исчезнале во Европа во последните три години

A1on

За да купат „Ајфон“, Македонците треба да работат речиси најдолго од сите Европјани

Жарко Настоски

Германците повеќе се плашат од Трамп, отколку од коронавирусот

Жарко Настоски