Швајнштајгер една година во Чикаго

Од:

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед Бастијан Швајнштајгер ќе премине во американската лига во тимот на Чикаго.

Јунајтед му дозволи на поранешниот капитен на германскиот национален тим да направи трансфер во Чикаго и да потпише едногодишен договор.

Швајнштајгер веќе доби дозвола за работа во САД, а наскоро треба да изврши медицински прегледи и да го официјализира трансферот во МЛС-лигашот од Чикаго.

– Отсекогаш сум сакал да оставам позитивен впечаток, а така ќе се трудам да биде и во Чикаго. Разговарав со директорот и тренерот и тие ме убедија во добрата визија на клубот. Јас сакам да помогнам во овој проект, истакна Германецот.

Според извештаите на американските медиуми, Швајштајгер за една година во Чикаго ќе заработи 4,5 милиони долари.

Би можело да ве интересира

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска