Град Скопје објави конкурс за најголем придонес за животната средина во 2017

Од:

Во рамки на традиционалната манифестација „Денови на пролетта – Денови на екологијата“ Град Скопје денеска објави јавен конкурс за избор на најеколошка компанија, за најголем придонес во заштитата на животната средина, за најубаво уреден двор на куќа, зграда и институција/стопански објект и најубав состав и цртеж на тема екологија за учениците од основните и од средните училишта.

Пријавувањето почнува веднаш и трае до 16 мај 2017 година. Пријавите на заинтересираните граѓани, невладини организации, јавни установи, претпријатија и други правни и физички лица треба да се достават по пошта на адреса: Град Скопје – Сектор за заштита на животната средина и природата, булевар „Илинден“ број 82 или во архивата на Градот, како и на телефонскиот број 02/3297-273 и 3297-304.

За првите две категории, предвидена е по една награда во износ од по 45.000 денари. За третата категорија, најубав двор, предвидени се три награди (индивидуално домување, колективно домување и институција, фирма или стопански објект), во износ од по 40.000 денари.

За четвртата и петтата категорија се предвидени по две награди, една за ученици во основните училишта и една за ученици во средните училишта, во износ од по 10.000 денари.

Разгледувањето на пристигнатите пријави и одбирањето на кандидатите го врши соодветна комисија, која Град Скопје ја формира од претставници на вработените во секторите на Град Скопје и невладините организации.

Би можело да ве интересира

Најдобар пожарникар, полицаец и крводарител: Доделени признанија од Град Скопје

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Станкоска: Системските пропусти во јавниот превоз Орце ги решава со кампањи за подигање на свеста на граѓаните

Горан Наумовски

Скопјани му должат на Градот над 36 милиони евра

Град Скопје удри по дивите таксисти – се одземаат возила, има и парични казни

А1он

Во Скопје од денеска 50 евра казна за фрлање ѓубре меѓу 22 до 06 часот

Левица: Не гласавме за крајно нетранспарентниот Ребаланс на Буџетот на Скопје во кој се кријат партиски вработувања