А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Пожар во кочанското село Костин Дол

by А1он18/03/2017 - 13:3720/03/2017 - 08:39227
Share0

Кочанската територијална противпожарна единица денеска излезе со информација за големиот шумски пожар кој вчера попладе го зафати атарот на село Костин Дол, Кочанско.

Следете a1on на Instagram Instagram

– По дојава за пожар во 15.22 часот во планинскиот терен на Осоговијата кај селото Костин Дол, наша екипа со две возила и пет пожарникари учествуваше во неговото гаснење. Во пожарот беа зафатени над 60 хектари дабова шума и смрека како и 40-ина родни дрвца од овоштарник. Бидејќи се работи за планински терен во Осоговијата, пожарот го локализиравме доцна во ноќта, некаде по 22 часот и 30 минути. Според првичните проценки, направена е голема материјална штета која допрва ќе се проценува, изјави Даме Јакимов, дежурен пожарникар во Кочанската противпожарна единица.

Јакимов истакна дека во гаснењето на пожарот учествувале и десетина жители од село Костин Дол. За причините за настанување на пожарот се очекува официјално соопштение од недлежните органи.

kocanipozar

Би можело да ве интересира

Нема повредени при запалените куќи на Бит-пазар, полицајци сѐ уште присутни на лице место

Катерина Ѓуровски10/11/2026 - 10:11

Нов сомнеж за саботажа во Германија: Изгореа три градежни возила на градилиште на Рајнметал

Предраг Петровиќ30/10/2026 - 23:0330/10/2026 - 23:04

(ФОТО) Татко и син живи ќе изгореа во пожар во куќа во Белград – спасени во последен момент

А1он23/10/2026 - 16:47

(ВИДЕО) Пожар во воена база во Канада, има жртви

Горан Наумовски18/10/2026 - 07:44

(ВИДЕО) Пожар во Калифорнија зафати 465 хектари – издадена е наредба за итна евакуација

Горан Наумовски17/10/2026 - 20:03

(ВИДЕО) Голем пожар уништи еден од најпознатите париски пазари

Горан Наумовски12/10/2026 - 08:32
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео