Македонија останува со ББ- кредитен рејтинг

Од:

Кредитната агенција Стандард и Пурс го потврди кредитниот рејтинг на Македонија, ББ- со стабилен изглед.

Од кредитната агенција наведуваат дека како и во октомврискиот извештај, рејтингот го базираат на добрите економски перформанси на македонската економија, но и на политичката криза која кулминира.

Стандард и Пурс оценуваат дека во економијата има позитивни трендови и покрај политичката криза, и нивните економски проекции се позитивни. Од Агенцијата очекуваат невработеноста да продолжи да се намалува во континуитет од година во година и во 2020 да се сведе на 21,5 отсто. Согласно нивните проекции инвестициите и извозот ќе продолжат да растат и на среден рок.

Стандард и Пурс пишуваат дека слободните економски зони ќе бидат генератор на економскиот раст, особено преку синергијата од соработката со локалните компании и добавувачи.

Како што наведуваат од рејтинг агенцијата, буџетскиот дефицит од 2,8 проценти во 2016 година е низок, а земјата спроведува фискална консолидација со која дефицитот ќе се сведе на 2,2 проценти до 2019 година.

Стандард и Пурс посочуваат дека државниот долг иако е пораснат, може да се квалификува како низок во споредба со земјите со ист кредитен рејтинг.

За банкарскиот сектор од Агенцијата наведуваат дека е добро капитализиран и профитабилен и главно е финансиран од домашни депозити.

Како најголема закана за македонската економија, Стандард и Пурс ја гледа политичката криза. Во извештајот пишува дека политичката ситуација станала уште покомплицирана по спроведувањето на изборите во декември 2016. Според нивното видување, и да се формира влада, таа нема да биде стабилна и нема да може да биде носител на реформски процеси и кризата нема да се разреши.

Како Стандард и Пурс, во февруари годинава и кредитната агенција Фич го потврди кредитниот рејтинг на Македонија, наведувајќи дека согласно економските перформанси, земјата заслужува повисок рејтинг од сегашниот, но поради политичката криза не можат да дадат повисок рејтинг.

Би можело да ве интересира

Објавена највлијателната анкета: Трамп води, гласачите сметаат дека Харис е премногу либерална

ВМРО-ДПМНЕ: Рејтинг на Спасов ги одработува тендерите и 10 милионскиот бизнис со народни пари, добиени од власта на СДС за да креира лажни вести и црн пи-ар

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Владата среде криза дала 400 илјади евра на Рејтинг за да ја нема Македонија на рекламите

Горан Наумовски

Рејтингот на Бајден на највисоко ниво од почетокот на јуни

А1он

Анкета на Рејтинг: 52,5% од граѓаните на Скопје се согласуваат дека состојбата во градот е подобрена во последните 4 години

Катерина Ѓуровски

Брима Галуп ги демантира лагите на Момироски, „Курир“ и „Нетпрес“, анкетата во која имаат предност СДСМ и Беса ја спровеле тие и е точна

Кристијан Ландов