Рејтингот на Бајден на највисоко ниво од почетокот на јуни

Од:

Рејтингот на американскиот претседател Џозеф Бајден неделава е на највисоко ниво од почетокот на јуни, но останува историски низок, покажуваат резултатите од анкетата на Ројтерс и Ипсос.

Дводневната национална онлајн анкета, при што се испитани 1.005 возрасни, вклучително 445 демократи и 357 републиканци, покажа дека 40 отсто од Американците го одобруваат работењето на Бајден, ниво на поддршка што е историски ниско за американски претседател.

Истражувањето завршено вчера, исто така, покажа дека 78 отсто од испитаниците, кои се изјасниле како демократи, го поддржуваат Бајден, наспроти 69 отсто еден месец претходно. Само 12 отсто од републиканците го одобрија настапот на Бајден оваа недела, бројка што остана во голема мера стабилна во последните недели.

Вкупниот рејтинг на Бајден според слично истражување во мај достигна најниско ниво од неговиот мандат, 36 отсто, а под 50 отсто колку што беше во август минатата година, во време кога Американците се соочуваат со висока инфлација и економски тешкотии, предизвикани од кризата Ковид-19

Би можело да ве интересира

Бајден го потпиша законот за воена помош за Украина

Горан Наумовски

Бајден: Канибалите го изедоа вујко ми

(ВИДЕО) Нов гаф на Бајден: И се заблагодари на „Чехословачка“

Бајден е горд на проширувањето на НАТО до границите со Русија

ВИДЕО: Бајден го нарече пристапот на Нетанјаху кон војната во Газа „грешка“

Катерина Ѓуровски

Бајден се закани, Нетанјаху дозволи кордори за влез на помош во Газа