Дете од кичевското село Бачишта тешко повредено од кучиња

Од:

Дете родено во 2013 година од кичевското село Бачишта е тешко повредено во пределот на стомакот, градниот кош и главата во напад од глутница кучиња.

Поради сериозноста на повредите, од Општата болница во Кичево каде му била дадена првична неопходна медицинска помош, детето итно било префрлено во Ургентниот центар во Скопје.

Како што соопшти СВР Охрид, настанот се случил вчера околу 11 часот во селото Бачишта во момент кога детето само излегло од куќата каде што живее со семејството и поминувало преку нива сакајќи да појде до соседната куќа каде што бил неговиот татко.

Тогаш го нападнале повеќе кучиња скитници, но и кучиња кои се појавиле од соседната штала со овци, сопственост на лицето Ш.В. (49) од истото село, кој кучињата ги чувал пуштени односно необезбедени.

По консултации и дадени насоки од Основното јавно обвинителство во Кичево, на местото на настанот извршен е увид по што ќе биде поднесена кривична пријава за тешки дела против општа сигурност.

Вчера во Полициската станица во Кичево бил пријавен уште еден напад на кучиња скитници врз малолетник роден во 2011 година со нанесени повреди од каснување во пределот на левата натколеница.

Малолетникот бил префрлен во Општата болница во Кичево, од каде по дадената лекарска помош бил пуштен на домашно лекување.

Во текот на оваа календарска година во Полициската станица во Кичево пријавени се вкупно единаесет случаи напад на кучиња врз луѓе, од кои шест во градот Кичево, четири во селото Бачишта и едно во селото Србјани.

Минатата година биле пријавени вкупно педесет и четири случаи напад на кучиња, од кои триесет и девет се во градот Кичево и петнаесет во околните села.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Нови снимки од студентите во Охрид: Ги симнуваат лустерите и пијат од нив, фрлаат прозорци од апартманот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Студенти од Загреб и Србија демолираа хотел во Охрид

Горан Наумовски

Се зголемува бројот на злосторства од омраза во САД

Скопјанка истепала две жени во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Полицаец осуден на една година затвор, поради претепувањето на битолчанецот додека го апсеше

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Тепачка во „КАМ“ маркет, вработен бил нападнат од купувач

Кристијан Ландов