Али Ахмети смета дека не треба да се свикува собранието без претходен договор

Од:

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети во интервју за косовската РТВ21 изјави дека не треба да се свика седница на собранието без претходен договор меѓу партиите.

„Без вистински договор меѓу страните кои се претставници на мнозинските заедници, СДСМ, ВМРО, ДУИ и останатите партии ние не можеме да правиме експерименти како во театар, да одиме во собрание без претходен договор. Да не одиме во собранието за да се видиме еден со друг и да си размениме неколку пцовки и навреди туку да одржиме седница каде ќе се избере комисија за назначување и да се избере претседателот на Парламентот“, изјави Али Ахмети за РТВ21.

Ахмети во интервјуто изјави дека не гледа никакви проруски тенденции кај ВМРО-ДПМНЕ но вели дека на Русја не и одговара Македонија да биде членка на НАТО и ЕУ. Тој рече дека доколку забележал заземање проруска страна во политиката, немало да биде дел од владата.

Во врска со недоделувањето на мандатот од страна на Иванов, Ахмети изјави дека само ВМРО-ДПМНЕ можеле да влијаат да се реши создадениот политички јаз. Говорејќи за заедничката декларација, Ахмети рече дека прашањето за јазикот било прва точка на ДУИ уште во 2014 година, но неговата партија ја повлекла оваа точка, бидејќи имало конкретен предлог за решавање на прашањето со името.

Ахмети исто така спомна дека барањето на Беса албанскиот премиер Еди Рама да го прифати авторството на заедничката декларација, е максимално употребена од страна на Иванов и Груевски.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Нов договор – втор по ред со нови сомнежи за Бурим Латифи кој е повторно во центарот на скандалот во МЕПСО

ДУИ: Како семејниот клан на Изет Меџити го пустоши МЕПСО преку активисти на ВЛЕН

ДУИ: Бараме итна истрага за Бурим Латифи за штетата од шест милиони евра во МЕПСО

За ДУИ, владата на Мицкоски е неспособна, антиалбанска, антиевропска и последниот руски прокси во регионот

Мерко им се налути на Ахмети и ДУИ, не го бранеле како Беџети и Дехари

ДУИ: Пад од 61 отсто на странските директни инвестиции во 2025 година во споредба со 2024 година

Предраг Петровиќ