Францускиот првак Пари Сен Жермен вложи жалба до Европската фудбалска унија (УЕФА), бидејќи смета дека судиите го оштетија во дури 15 ситуации на „Камп Ноу“ на дуелот со Барселона во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите.
Во ПСЖ се лути на германскиот судијата Дениз Ајтекин и неговите одлуки да свири два пенала за Каталонците, а да не досуди два казнени удари за гостинските фудбалери.
Барселона пред шест дена на „Ноу Камп“ надомести 0:4 од Париз со неверојатен финиш и три гола во последните седум минути доаѓајќи до победа од 6:1.