Во фудбалската Лига на шампиони вечерва ќе се одиграат два реванш натпревара од осминафиналната фаза.
Италијанскиот шампион Јувентус покрај предноста на домашниот терен и поддршката од публиката, вечерашниот натпревар против Порто ќе го започне и со предност од два гола, остварена на првиот меч во Португалија каде „старата дама“ забележа победа од 2:0.
Многу понеизвесно се очекува да биде на вториот натпревар во кој актуелниот англиски шампион Лестер ќе треба да надополни негатива од еден гол во дуелот со Севиља која на првата средба во Шпанија победи со 2:1. Сепак голот постигнат на гостински терен влева голема надеж кај фудбалерите на Лестер кои во елитното натпреварување играат многу подобро отколку во домашниот шампионат.
Двата натпревара ќе започнат во терминот од 20 часот и 45 минути, по кои ќе бидат познати уште два тима кои ќе им се приклучат во четвртфиналето на Реал Мадрид, Барселона, Баерн Минхен и Борусија Дортмунд.
Последните два патника во четвртфиналето ќе ги дознаеме утревечер по реванш средбите Атлетико Мадрид – Баер Леверкузен (4:2 прв натпревар) и Монако – Манчестер Сити (3:5).