Непознати напаѓачи киднапираа во Конго двајца службеници на Обединетите нации, еден државјанин на САД, а другиот на Шведска, соопшти денеска Владата на Конго.
Како што се наведува во соопштението Американецот Мајкл Шарп и Швеѓанката Заида Каталан „паднале во рацете на негативни сили, кои се уште не се идентификувани“, заедо со уште четворица граѓани на Конго, со кои беа во селото Нгомбе во провинцијата Касаи.
Во соопштението не се наведува како се случил инцидентот.