САД и Русија договараат воведување дирекна врска за комуникација околу Сирија

Од:

САД и Русија започна првична размена на мислење околу можноста за воведување дирекна врска за комуникација околу случувањата во Сирија на ниво на високи воени претставници, соопшти синоќа портпаролот на Здружениот генералштаб на американските Вооружени сили, Грегори Хикс.

Тој нагласи дека била одржана работна средба на воени претставници на двете земји на која ги разгледале можностите во воспоставување на ваква врска, со цел да се намали ризикот од меѓусебна конфронтација на територијата на Сирија и во воздушниот простор на оваа земја.

Хикс не прецизира кога била одржана „работанта средба“ и каде.

Претходно, началникот на Здружениот генералштаб на Вооружените сили на САД, Џозеф Данфорд изјави дека на средбата со неговите колеги од Русија и Турција, што пред неколку дена се одржа во Анталија, станало збор за започнување на дијалог „на ниво на генерал-потполковници“ за спречување на инциденти меѓу армиите на трите држави.

Би можело да ве интересира

Уапсен актер откако силувал и малтретирал девојка: Му се заканува доживотен затвор

ВИДЕО: Олуите и торнадата во САД однесоа 23 жртви, 300 илјади луѓе без струја

ЕУ увезува руска нафта преку турските пристаништа

ЕУ: Русија да ги заборави замрзнатите средства и по укинувањето на санкциите

Седум лица загинаа, а осум се повредени во пожар во московскиот регион

ФСБ уапси две лица кои подготвувале терористички напад во Русија

Горан Наумовски