Авторитарната Влада на узбекистанскиот претседател Ислам Каримов неофицијално го забрани Дедо Мраз и неговата помошничка, ликови кои се децении наназад беа незаменлив дел од новогодишните празници.
Новата забрана е слична на таа од 2005 година, кога се забрани празнувањето на Нова година.
Узбекистан е непријателски настроен кон празниците, кои не се сметаат за доволно локални.
Во февруари властите ги откажаа концертите, посветени на празникот Свети Валентин и наместо тоа организираа читање на поезија на средновековниот монголски император Захиредин Бабур.