Екипата на Манчестер Јунајтед одигра ,,реми“ на гостувањето во Русија кај Ростов во првиот натпревар од осминафиналето во фудбалската Лига Европа.
Гостите од Англија поведоа со голот на Хенрик Михтаријан во 35 минута, додека Александер Букхаров во 53 минута израмни резултатот и ги постави конечните 1:1.
На другите два натпревари, во Никозја, Андерлехт минимално го победи АПОЕЛ со 1:0, додека тимот на Копенхаген со 2:1 го победи Ајакс.
Останатите пет натпревари ќе се играат во терминот од 21 часот, а двојките се:
Селта Виго – Краснодар,
Шалке – Борусија Менхенгладбах,
Олимпик Лион – Рома,
Олимпијакос – Бешикташ,
Гент – Генк,
Реванш дуелите на програмата се на 16 март.