Миноски на средби во Светска банка и ЕК на економски теми

Од:

Министерот за финансии Кирил Миноски оствари средби со претставници на Светската банка и Европската комисија по повод реализацијата на тековни проекти и Програмата за економски развој.

Миноски, како што соопштуваат од Министерството за финансии, имаше состанок со директорот на Светска банка за Македонија Марко Мантованели, на која беше разгледувана реализацијата на тековните проекти во земјава поддржани од Светска банка. Станува збор за проекти од различни области како инфраструктура и образование во вкупен износ од 250 милиони евра. Од директорот на Светска банка за Македонија беше констатирано дека сите проекти се реализираат одлично, согласно динамиката предвидена во договорите.

Мантованели го издвои и искажа огромно задоволство за имплементацијата на Проектот за подобрување на општинските услуги, што се спроведува преку Министерството за финансии и со фонд од 76,8 милиони евра финансира капитални проекти во македонските општини.

Директорот на Светска банка за Македонија изрази надеж за брзо разрешување на политичката криза и дека партнерскиот однос помеѓу Македонија и Светска банка ќе продолжи и преку идни проекти.

Министерот за финансии Миноски оствари средба и со мисија на Европската комисија по повод македонската Програма за економски реформи 2017-2019. На средбата, претставниците од Директоратот за проширување и Директоратот за економија и финансии на ЕК истакнаа дека преку Програмата се гледа дека Македонија има подобрување во макроекономскиот и фискалниот дел, како и дека капацитетите во земјава за економско проектирање, анализа и дијагноза се значително зајакнати и подобрени.

Програмата за економски развој е стратешки документ кој се однесува на подобрување на економското управување со земјата во контекст на ЕУ интеграциите, како и подобрување на капацитетите на инстититуциите во целина. Македонија во јануари годинава ја достави Програмата за 2017-2019 до Европската комисија, која е трета ваква програма која земјата ја доставува до ЕК.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрова: Бесими незаконски потпишал согласности за 3.000 вработувања во државни институции

Горан Наумовски

Вработени во МФ бараат исплата на додатокот на плата од 30 отсто

Протести и штрајкови најави Синдикатот на Министерство за финансии при УПОЗ ако не се потпише колективен договор

Горан Наумовски

МФ: Новата ПЕР 2024-2026 усвоена од Владата, поставена основа за нашата Реформска агенда за Планот за раст на Западен Балкан

Не смее да се вработува освен за испразнето место, но фалат луѓе во администрација вели Бесими

Анита Петровска Рајковиќ

Од јануари нема да се чека согласност од Финансии за вработување во администрација