Т.А. (58), вработен во фирма за монтирање челична конструкција, поставувајќи скеле, паднал од два метра висина и здобил тешки телесни повреди, соопшти полицијата.
Настанот се случил вчера, во 9:44 часот, во скопската населба Пинтија.
Повредениот е пренесен во Ургентен центар Скопје каде му е укажана лекарска помош и е задржан на натамошно лекување. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.