Тренерот на ПСЖ Унаи Емери изјави дека судиите со своите одлуки влијаеја на високиот пораз на неговиот тим на „Камп Ноу“. Барселона синоќа победи со 6:1 на реваншот од 1/8финалето во ЛШ со два гола од сомнителни пенали.
– Пропуштивме неверојатна можност да ја елиминираме Барселона. Во првото полувреме направивме неколку грешки, но во продолжението од мечот одигравме помирно. При 3:1 имавме две големи шанси за 3:2, а потоа следуваа судиски одлуки кои беа против нас и се изгубивме во последните минути. Барселона е способна да го направи ова што го направи. На овој стадион се е можно, рече Емери.
Француските медиуми по елиминацијата на ПСЖ шпекулираат дека можеби дуелот со Барселона беше последен за Емери на клупата на францускиот шампион.