Серхио Роберто, стрелецот на голот вреден четвртфинале за Барселона во Лигата на шампионите е новиот херој на каталонскиот тим.
– Сите мислеа дека по резултатот во Франција се е готово, но ние верувавме дека можеме. Овој тим е создаден за најголеми нешта. Пресреќен сум. Се се случи со големата поддршка од навивачите кои ни беа играч плус и голот им го посветувам нив. Сега ќе славиме, но набрзо треба да се фокусираме кон следните предизвици, истакна Роберто.
Серхио Роберто на синоќешниот дуел со ПСЖ во игра влезе во второто полувреме при резултат 3:1 и погоди во судиското надополнување за победа од 6:1 што беше доволна да се анулира негативата од Париз (0:4).