Мурињо шокиран од теренот на стадионот во Ростов

Од:

Жозе Мурињо тренерот на Манчестер Јунајтед, е шокиран од состојбата на теренот на стадионот во Ростов и не може да поверува дека УЕФА дава зелено светло да се одигра натпреварот.

Манчестер Јунајтед утре гостуваат на стадионот „Олимп-2“ против Ростов во првиот натпревар од осминафиналето во Лига Европа.

Состојбата на теренот е „очајна“, па менаџерот на „црвените ѓаволи“ не го криеше незадоволството од условите на кои треба да се одигра средбата, како и разочарувањето дека УЕФА дала одобрение да се одигра натпреварот на ваков терен.

„Уште ми е тешко да поверувам дека ќе играме. Знам дека мораме, но тешко ми е да поверувам дека ќе играме на ваков терен, ако воопшто можеме да го наречеме терен”, изјави Португалецот.

Тој е изненаден и од одговорот кој го добил од претставникот на УЕФА, кој потврдил дека натпреварот ќе се игра и на ваков терен.

„Вчера разговарав со еден господин од УЕФА додека го разгледував теренот. Кога му кажав дека сум загрижен, тој ми рече дека играчите се осигурани, и ако нешто се случи ќе бидете обесштетени“, дополни Мурињо.

Дуелот Ростов – Манчестер Јунајтед, е еден од трите кои ќе се играат утре во терминот од 19 часот, додека останатите пет средби од осминафиналето во Лига Европа ќе се играат во вечерниот термин од 21 часот и 5 минути.

Би можело да ве интересира

Фудбалерите на Спортинг и Аталанта ремизираа во првиот натпревар од осминафиналето на Лига Европа

Го судеше финалето на Лига Европа, сега е деградиран во Чемпионшип

Горан Наумовски

Навивач на Зрињски „стигна“ во холандските медиуми поради исмејувањето на познатиот тренер

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Хулиган од зад грб го нападна српскиот голман кој брани за Севиља, но беше соборен

Предраг Петровиќ

Одложениот натпревар на Тотенхем со Рен нема да биде презакажан, соопшти УЕФА

Ана Ололовска

Лига Европа: Лион, Вест Хем и Ајнтрахт Франкфурт први ја минаа групната фаза

Ана Ололовска