(ВИДЕО) Ангелов: Албанците да ја повлечат платформата, бараме средба со Ахмети

Од:

Лидерот на Достоинство, Стојанче Ангелов побара од албанските партии да ја повлечат платформата поради тоа што Албанците во Македонија имаат многу по приоритетни барања кои ќе им го олеснат и подобрат секојдневниот живот наспроти оние кои стојат во платформата потпишана во Тирана.

Ангелов исто така наведе дека кај поголем дел од македонскиот народ барањата од платформата се доживуваат како целосно неиздржани, непотребни па дури и силно провокативни.

-Во име на мирот во Македонија, во име на подобрување на меѓуетничките односи, во име на поквалитетен живот за сите македонски граѓани ги повикуваме лидерите на партиите на Aлбанците во Македонија, потписнички на т.н. тиранска платформа да ги повлечат спорните барања од платформата и со тоа на дело да покажат дека навистина и мислат добро на Република Македонија, како што ние сакаме да им веруваме, вели Ангелов.

Тој побара средба со поранешниот командант на УЧК и лидер на ДУИ, Али Ахмети на која ќе се укажат причините за повлекување на барањата од платформата на Aлбанците.

-На оваа средба најчовечки ќе се обидеме да укажеме зошто е добро да се повлечат дел од овие барања, но и воедно дека е крајно време да се започне една сеопфатна, долготрајна, демократска дебата која што ќе ги опфати сите прашања без разлика колку и да се болни за македонскиот народ. Заедно да ја изградиме Македонија во модерна, демократска и побогата држава, рече Ангелов.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ангелов: Мирисот на чад во Скопје доаѓа од пожарот на планината Жеден

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелов: Пожарот на планината Китка е најтежок за гасење, во земјава активни се пет пожари

Ангелов: Избегната е голема трагедија кај прилепско Бонче – огнот дојде до куќите

А1он

(ВИДЕО) Ангелов: Активни повеќе од 15 пожари на отворен простор – четири се големи

А1он

(ВИДЕО) Ангелов: Изгаснат пожарот кај Лопатица, останува високиот ризик од нови огнени стихии

(ВИДЕО) Ангелов: Истече кризната состојба во Гостивар – водата е чиста и безбедна за пиење