ЦУК: За првпат ангажиран воздухоплов за гасење пожар надвор од територијата на државата

Од:

По барање на Република Косово, Република Северна Македонија за првпат ангажира државни ресурси надвор од својата територија, во рамки на меѓудржавна помош за справување со пожар. Хеликоптер на Министерството за внатрешни работи во моментов интервенира од воздух во реонот на Хани и Елезит, давајќи поддршка на екипите кои се борат со огнената стихија, информира директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Мухамед Али.

„По приемот на барањето, како директор на Центарот за управување со кризи, бев во директна и континуирана координација со сите надлежни институции, заедно со Стојанче Ангелов, раководител на Главниот штаб, со цел навремено активирање на нашите капацитети и обезбедување помош за справување со големиот пожар што ја зафати нашата соседна држава. Ова не е само интервенција за гаснење пожар. Ова е историски момент и потврда на нашата подготвеност да им помогнеме на нашите соседи, но и пошироко, секогаш кога тоа е најпотребно“, порача Али.

Би можело да ве интересира

ЦУК: Гори магацин за бои и лакови во Железара

А1он

Ангелов: И јас укажував на слабостите, но состојбата е значително подобрена

ЦУК: Активни два пожари на отворен простор, осум изгаснати во текот на денот

А1он

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Изгореа над 20 дуќани во трговски центар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

Изгоре трговски дуќан во Шуто Оризари, не се знае како пламна пожарот

Горан Наумовски