Најмалку 30 лица денеска загинаа во судири меѓу безбедносните сили со бунтовниците во близина на границата на Мјанмар со Кина.
– Во судирите во Лаукаки, во североисточната држава Шан загинаа пет цивили, петмина полицајци и најмалку 20 бунтовници, се наведува во соопштението од канцеларијата на лидерката на Мјанмар, Аунг Сан Су Чи.
Во соопштението се додава дека во нападот на вооружената група МНДАА меѓу загинатите е и еден учител.