Дванаесет невести заедно со нивните свекрвi беа дел од денешната манифестација „Невестинско поклонение на Свети Теодор Тирон 2017“, која се одржа во дворот на црквата Теодор Тирон во кривопаланечкото село Конопница.
Настанот се организира осма година по ред, под покровителство на локалната самоуправа на општина Крива Паланка, а претставува обичај возобновен во 2010 година.
-Од година во година има се поголем интерес за учество на манифестацијата, но и се поголем е бројто на гости-посетители кои доаѓаат да го проследат обичајот кој во минатото бил карактеристичен за овој крај, и препознатлив, а ние како Општина го возобновивме и веќе осум години манифестацијата расте. Никој не остана рамнодушен и позитивни емоции имаше на сечие лице, зашто обичајот е реткост во Македонија, но и пошироко, изјави градоначалникот на Крива Паланка, Арсенчо Алексовски.
Истакна дека обичајот е дел од традицијата и народот, а Македонската православна црква го поддржува.
– Обичајот, но и вербата во светецот, во светиите и православната вера, тоа е она што како неразделно сврзно ткиво, исконското, македонско го одржале народот низ вековите, додаде Алексовски.
Гости на настанот беа делегација од збратименито град со Крива Паланка, Свидник од Република Словачка, предводена од градоначалникот Јан Холодњак.
Ритуалот на поклонение го изведуваат невести венчани помеѓу изминатите две Тодорови саботи, придружувани од своите свекрви, а се верува дека свети Теодор Тирон како закрилник на породот, ќе им даде род на невестите.
– Покрај тоа што обичајот беше заборавен 33 години, успеавем во семејство Анастасовски од село Конопница да врземе круг, ќерката на првата невеста која го изврши чинот на поклонение во манифестацијата 2010 година, ја вклучивме во ритуалот, „посипка, нагласи Стојанче Величковски, координатор на манифестацијата.
Покрај „Невестинско поклонение“, на тема „снаа-свекрва“ се организира и авторски проект на Величковски, Меѓународен конкурс за карикатура како придружна манифестација на поклонението, а како што рече, проучувајќи, ја развива идејата да се организира светски фестивал инспириран од обичајот со тема „Снаа-свекрва“ кој ќе содржи низа придружни настани на главната манифестација.
По главниот настан свештенослужителите од Кривопаланечкото архиерејско намесништво одржаа водосвет во дворот на црквата, а беше пресечен и славски колач за примопредавање на кумството.