Одбиено барањето на СЈО за притвор на Кочан, Авировиќ со мерки за претпазливост

Од:

Кривичниот суд го одби барањето на СЈО за одредување мерка притвор за прво осомничениот во случајот „Труст“, воедно и сопственик на фирмата „Трансмет“ и Телевизија НОВА.

– Постапувајќи по предлози на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите (СЈО), пред судии на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје вчера беа повикани двете лица, за кои се однесуваат предлозите за определување мерка притвор, да се признесат во однос на предлозите во присуство на Јавен обвинител од СЈО и овластен правен застапник.
Во одонос на лицето С.К. по разгледвуање и ценење на фактите и доказите приложени во предлогот за определување мерка притвор, судијата на претходна постапка донесе решение со кое го одби предлогот на СЈО, се вели во соопштението на судот.

За второ осомничениот во случајот, Василије Авировиќ, јавниот обвинител од СЈО го повлекол предлогот за спроведување мерка притвор и предложил определување мерки за претпазливост од член 146 став 1 точка 6 и точка 7 од ЗКП што по разгледување и ценење од страна на судијата на претходна постапка е уважен и со решение определени се мерки забрана за воспоставување, односно одржување контакти или врски со определени лица и мерка  забрана за преземање определни работни активности кои се поврзани со кривичното дело.

Против ова решение странките имаат право на жалба во рок од  3 дена.

Сеад Кочан и Василије Авировиќ се осомничени за фалсификување документи со кои добиле тендер вреден 17 милиони евра за ископ на јаглен и јаловина.

Би можело да ве интересира

Убиена 46-годишна жена во Кочани, пред својата куќа – убиецот и нанел 40 убоди со нож

Анита Петровска Рајковиќ

Антикорупциска: Како знае ОЈО дека Иницијативата е беспредметна кога уште не е доставена

Катерина Ѓуровски

Обвинителството и се налути на Антикорупциска заради „Труст“: Иницијативата е беспредметна и непотребна

Катерина Ѓуровски

Ајро и Бубевски: Сите наводи во кривичната пријава од Државното правобранителство за предметот „Труст“ ги отфрламе како невистинити

А1он

Врховен му ја потврди 4,8-годишната казна на Сеад Кочан за „Труст“

Кристијан Ландов

Кочан e во болница, бара ново одлагање на казната

Васко Маглешов