Професор Рената Дескоска, пратеник во Собранието, вели дека Иванов со недавањето на мандатот на Заев направил државен удар. Еве што напиша Дескоска:
„Ако постои школски пример на државен удар, тоа е ова што денес го видовме во вилата на Водно!
Иванов го прекрши Уставот денес, исто како што тоа го направи со помилувањата во април.
Со овој акт на кршење на Уставот уште еднаш се стави во улога на измеќар на “фамилијата”.
Тој денес уште еднаш покажа дека не е само заштитник, туку е и активен соучесник во криминалот.
Иванов по втор пат политичката криза ја продлабочува и ја претвора во уставна криза!
Ова не е само една од многуте гафови на Иванов, ова е и акт на самоволие и газење на Уставот!
Но тоа, нема да помине!“