Македонските претставници во регионалната кошаркарска балканска лига (БИБЛ), Фени Индустри и Кожув вечерва во салата „Јасмин“ во Кавадарци во меѓусебен дуел може да решаваат која екипа ќе игра во четвртфиналето од ова натпреварување.
Во групата Ц, првото место, а со тоа и директен пламан во полуфиналето веќе обезбеди бугарскиот тим на Берое, додека Кожув и Фени Индустри се на делба од второто до четвртото место со 7 бодови колку што има и црногорската екипа Сутјеска.
Доколку Сутјеска која вечерва во Никшиќ пред својата публика го победи тимот на Берое, тогаш поразениот од дуелот меѓу Фени Индустри – Кожув ќе остане без четвртфинале.
Двата натпревара ќе започнат во терминот од 19 часот.
Во групата Д, откако вчера раководството на БИБЛ го исклучи Карпош Соколи од понатамошното натпревраување, ситуацијата е јасна. Куманово како прво пласиран директно ќе игра во полуфиналето додека Теодо и Пеќ ќе играат во четвртфиналната рунда.