Три возила се опожарени на булеварот „Крсте Мисирков“ во Скопје. Пожарот е изгаснат од страна на Бригадата за противпожарна заштита во Скопје.
Полицијата денеска соопшти дека опожарени биле „фолксваген пасат“ со скопски таблички, сопственост на Ф.Ш., „мерцедес“ со велешки таблички сопственост на Б. Е. (40) од Скопје и „сузуки свифт“ со скопски таблички на М.Н. (41) од Скопје.
Пожарот настанал кога М.Ш. (44), брат на Ф.Ш., кога го стартувал фолксвагенот избил оган од предниот дел на возилото при што тоа целосно изгорело, зафаќајќи ги и другите две возила.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.