Жител на скопското село Кожле, кој се водел за исчезнат, е пронајден мртов изгризан од диви животни.
Телото на Ј.С. (1956) е пронајдено во ливади од страна на неговиот брат, кој случајот вчера во 12:26 часот го пријавил во полицијата во Петровец.
На местото на настанот е извршен увид, а по наредба на јавен обвинител над телото ќе биде извршена обдукција.