Полицијата во Кичево трага по двегодишно девојче кое синоќа било пријавено за исчезнато кај селото Кленоец.
Како што соопшти МВР, В.Ј. (32) од с.Карбуница вчера во 20:50 часот телефонски во ПС Кичево пријавил дека истиот ден околу 13:45 часот, заедно со неговите две внуки на возраст од шест и две години, се движел по локалниот пат од с.Кленоец кон с.Извор.
– Во близина на јарболот во с.Кленоец, двегодишното девојче кажало дека не може да оди понатаму и останало покрај патот, а тој со шестгодишната внука се упатил во с.Извор. По еден час, кога се вратил на местото таа не била таму. Се вратил во куќата во с.Кленовец, каде, исто така, ја немало. Веднаш потоа случајот го пријавил во ПК Извор.
Од страна на полициски службеници од НК КР и Полициската станица од Кичево било извршено пребарување на теренот, кое продолжува и денеска, но исчезнатото дете не е пронајдено.