Северна Кореја најави дека планира да го одложи лансирањето на ракетата со голем дострел предвидено во период помеѓу 10 и 22 декември.
“Сега сме во завршна фаза на подготовка за лансирање. Сепак, за време на подготовките имаше некои проблеми, што сериозно ги поттикна нашите експерти и инженери да ја планираат можноста за одложување на лансирањето на ракетата”, се наведува во соопштението на Комисијата за вселенска технологија, во кое не се дадени други детали за одложувањето, пренесува агенцијата КЦНА.
Американскиот институт Џон Хопкинс, вчера соопшти дека одложувањето може да биде поради лошите временски услови.
Северна Кореја минатата недела соопшти дека ќе лансира ракета, за подоцна во орбитата да испрати сателит за набљудување на земјата.
САД, Русија, Јапонија, Јужна Кореја и други земји го обвинуваат Пјонгјанг дека спроведува тестови на балистички проектили што е во спротивност на резолуциите на ОН. Овие резолуции беа усвоени откако Северна Кореја во 2006. и 2009 година, изврши две нуклеарни проби.
Јапонија им нареди на своите сили да ја уништат севернокорејската ракета ако таа влезе во јапонскиот воздушен простор.
САД испратија бродови со противракетни балистички капацитети како би го следела лансирањето на ракетата на Северна Кореја.
Пјонгјанг соопшти дека нејзината ракета нема да влезе во воздушниот простор на други земји.