Годишно собрание и избори на Националниот комитет ИКОМОС Македонија

Од:

Националниот комитет на Меѓународниот Совет за споменици и локалитети – ИКОМОС Македонија денеска одржува годишно собрание на кое ќе се разгледуваат и усвојуваат извештајот за работа и извештајот за материјално-финансиското работење во 2016 година.

Претседателот на Националниот комитет ИКОМОС Македонија Лазар Шуманов информира дека според Статутот ќе се избираат претседател, потпретседател, членови на Извршниот и на Надзорниот одбор, кои имаат мандат од три години.

– Одлучив повторно да се кандидирам за уште еден мандат. Јас сум еден од основачите и ние сме еден од 110-те национални комитети во целиот свет, во кој членуваат повеќе од 11.500 експерти од заштитата на недвижното културно наследство, рече Шуманов.

Тој додаде дека во 2016 година имале пет проекти, два од областа заштитата на споменици од културата и три од меѓународната соработка.

– За 2017 година од Министерството за култура ни се одобрени пет доста значајни проекти, рече Шуманов. Дел од проектите за 2017 се прв Регионален форум за предел и Регионален форум за употреба на варовите малтери во конзервацијата. Форумите предвидено е да се одржат во Македонија со учество на експерти од Грција, Албанија, Косово, Србија, Бугарија…

Најави дека ќе се кандидира за претседател на целиот Меѓународен ИКОМОС и додаде оти првпат македонски член ќе биде кандидат за избор на претседател.

Би можело да ве интересира

Петмина ќе одговараат за перење пари за спомениците за Скопје 2014

A1on

Тодоровиќ потпишувал и група од 15 лица переле пари преку Италија – со Воинот на коњ, лавовите проневериле над 16 милиони евра

Анита Петровска Рајковиќ

Уништени таблите на кои пишуваше дека Филип и Аминта се Хелени

Искра Манојлоска

Меѓународен ден на спомениците и локалитети – 18 Април

Ана Ололовска

Хрватски новинар: Скопје е џунгла – раскопани улици, некултурни таксисти, блокиран сообраќај, распаднати болници и училишта

Кристијан Ландов

Ќе се засилуваат инспекциите и надзорот на спомениците на плоштад