Екипите на Шалке, Манчестер Јунајтед и на Краснодар се првите три кои обезбедија пласман во осминафиналето од Лига Европа. На првите три ревнаш дуели овие екипи имаа подобар вкупен резултат од ривалите.
Шалке на домашен терен во реваншот одигра нерешено 1:1 со ПАОК и со вкупни 4:1 го елиминира грчкиот тим.
Фенербахче и Краснодар одиграа исто така 1:1, а во вкупниот резултат Краснодар беше подобар со 2:1.
Единствено Манчестер Јунајтед оствари две победи откако и попладнево го совлада Сент Етиен со 1:0 или вкупни 4:0.
Другите реванш натпревари се играат утре, а двојките се:
17:00 Османлиспор – Олимпијакос (0-0 прв натпревар),
19:00 Зенит-Ст. Петерсбург – Андерлехт (0-2),
19:00 Рома – Виљареал (0-4),
19:00 Бешикташ – Хапоел Бир Шева (3-1),
19:00 АПОЕЛ – Атлетик Билбао (2-3),
19:00 Ајакс – Легија Варшава (0-0),
21:05 Копенхаген – Лудогорец (2-1),
21:05 Фиорентина – Борусија Менхенгладбах (1-0),
21:05 Генк – Астра (2-2),
21:05 Олимпик Лион – АЗ Алкмар (4-1),
21:05 Шахтјор Доњецк – Селта (1-0),
21:05 Спарта Прага – Ростов (0-4) и
21:05 Тотенхем – Гент (0-1).
Извлекувањето на двојките за осминафиналето ќе се одржи во петок во Нион