Биба Додева заедно со уште две колешки, преку музички и сценски настап ги имитираа трите обвинителки од СЈО, Катица Јанева, Фатиме Фетаи и Ленче Ристоска на вчерашнтото издание на Златна Бубамара на популарноста.
-Ние сме специјалки, ние сме генијалки, ние сме супер секси, ние сме пали гаси, пееше Биба Додева на вчерашната манифестација.
Додева, која беше во главната улога на вчерашната интерпретација за СЈО, исто така ја изимитира специјалната јавна обвинителка Катица Јанева како стои пред МВР велејќи им на полицајците да ја отворат капијата за влез во министерството.
Видео: Телеграф