Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Од:

Ниту еден предмет покренат од Специјалното јавно обвинителство нема да се изгуби со враќањето на повторно одлучување поради заминување во пензија на поротник, вели премиерот Зоран Заев.

dobivaj vesti na viber

Заев на новинарско прашање по увидот на обновениот дел на Клиниката за ортопедија истакна дека не е детално запознаен со ова прашање, но се повика на коментар на ресорниот министер за правда во однос на законските одредби со кои се регулира постапката .

-Во законите кога поротник оди во пензија или го завршува својот мандат, дефакто предметот се враќа на повторно одлучување. Но, има пракса, на едно рочиште се исчитуваат сите претходни докази, сведочења, искази.., и веднаш се враќа постапката на старо. Тоа е надежта дека ниту еден предмет нема да се изгуби, нема да го сопрете човек кој што сака да оди во пензија и да го држите надвор од неговите услови за пензионирање, но јас сум убеден дека тоа нема да влијае ниту на еден случај кои се отворени без разлика дали од СЈО или другото јавно обнвинителство за организиран криминал или другите јавни обвинителства. Дел се решава и со заменици поротници, но едно е сигурно случаевите не се загрозуваат, вели Заев прашан за тоа како се случи од бизарни причини да пропаднат судењата за предметите покренати од СЈО.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Разрешен поротникот Сандев, четири предмети од СЈО ќе почнат од почеток

Кристијан Ландов

Џолев ќе одлучи дали ќе побара разрешување за поротникот кој може да врати четири предмети на СЈО од почеток

Кристијан Ландов

Јавното обвинителство ќе им понуди вонсудска спогодба на вработените во СЈО

Ана Ололовска

Ахмети на распит во Oбвинителството за организиран криминал и корупција

Ана Ололовска