И мртов, Мугабе ќе победи на изборите во Зимбабве

Од:

Сопругата на претседателот на Зимбабве, Роберт Мугабе, (92) на еден партиски митинг во внатрешноста на оваа источноафриканска земја изјавила дека тој е толку популарен што доколку умре пак ќе учествува на изборите како мртво тело, и ќе може да победи.

Сопругата Грејс Мугабе, која е 41 години помлада од својот сопруг, често настапува со силна подршка за длабоко остарениот претседател, но во политчката јавнст на земјата, а посебно во владеачката партија ЗАНУ, која управува 37 години со Зимбабве, сѐ почесто се споменува и како наследник на Мугабе.

Посматрачите во Хараре сметаат дека тој целосно ја загубил довербата во своите соработници и стари соборци од борбата против колонијализмот, па сега ѝ верува само на сопругата Грејс, како на единствена што би можела да продолжи со неговата досегашна политика.

Роберт Мугабе е првиот и досега единствениот претседател на оваа земја, откако во 1980 година, беше соборен дотогашниот режим на белото малцинство, во тогашната Јужна Родезија.

Новите претседателски избори се предвидени за идната 2018 година и Мугабе од порано најави дека одново ке се кандидира.

– Кога еден ден, Господ ќе одлучи да го земе кај себе Роберт Мугабе, нам ќе ни остане неговото мртво тело, како кандидат на гласачкото ливче. Луѓето во Зимбабве пак ќе гласаат за него и тој уште еднаш ќе победи – рекла Грејси Мугабе.

Би можело да ве интересира

Во Зимбабве уапсен лидер на секта, тврдел дека е пророк и злоставувал 250 деца

(ВИДЕО) Нилски коњ проголта човек: Го плукна два пати, но реши да го докрајчи

Ана Ололовска

Владата на Зимбабве им порача на државните службеници: Нема вакцина, нема плата

А1он

ОН ги осудија принудните бракови на малолетници во Зимбабве

Оставка на потпретседателот на Зимбабве, имал врски со мажени жени

Жарко Настоски

Зимбабве: Акутната неисхранетост кај децата е во пораст

Ана Ололовска