Конференција „Градење на мостови помеѓу истражувањето во бизнисот и потребите на индустријата“

Од:

Факултетот за бизнис при Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово денеска организираше меѓународна конференција на тема „Градење на мостови помеѓу истражувањето во бизнисот и потребите на индустријата“.

Според ректорот на УЈИЕ Замир Дика, главна цел на конференцијата е деловната заедница да се запознае со наставната програма на Универзитетот, а високошколска установа да ги дознае потребите на пазарот на трудот.

– Интеракцијата меѓу универзитетот и бизнисот е двигател на иновацијата, а иновацијата треба да биде во сржта на компетитивна економија и општество. Имаме големо задоволство што многу професори тука ќе ги претстават своите трудови и најнови сознанија за оваа тема како наш придонес во развојот на општеството, изјави Дика.

На денешната конференција свое излагање имаше и Пол Сергиус Коку, професор на Универзитет во Флорида, истакнувајќи ја важноста на врската помеѓу деловната заедница и академското истражување.

– Мојата денешна презентација се однесува на пополнување на јазот и поврзување на деловната заедница со академското истражување. Целта на конференцијата е да се поврзе деловната заедница, стопанството, тие што се директно вклучени во практиката со академскиот дел, професорите и студентите за да можат да имаат подобра соработка во иднина. Со ова се надеваме дека ќе постигнеме понатамошни резултати и директно ќе биде вклучена деловната заедница во подготвувањето на она што е потребно на пазарот на трудот, рече Коку.

На конференцијата беа претставени и истражувачки трудови на оваа тема од повеќе професори од Универзитетот и надвор од него.

Би можело да ве интересира

Лавров доаѓа во Скопје: „Изгледа Бугарија и вети на Македонија дека ќе го отвори воздушниот простор“

A1on

Во Охрид започна конференцијата „Евроатланските вредности на Балканот“

Жарко Настоски

Средби на министерката Мизрахи со колеги од Регионот

Драган Поповски

Брегу: Одливот на „мозоци“ е најголем предизвик за Западен Балкан

Процесот на пристапување во ЕУ е инвестиција во мир и безбедност

Успешни практики од ЕУ – инспирација за примена на целите за одржлив развој одржана конференцијата „Глобални цели за локална одржливост“

Ана Ололовска