Велшкиот репрезентативец Герет Бејл сепак нема да биде во комбинација за вечерашниот меч против Наполи, кој Реал ќе го игра пред домашната публика.
Иако пред два дена Зинедин Зидан, тренерот на актуелниот европскиот првак Реал Мадрид, тим кој изминатиот период се соочуваше со бројни проблеми поради повреди на своите фудбалери, најави дека Бејл е подготвен да настапи, сепак тоа нема да се случи.
Бејл тренираше со тимот во пресрет на денешниот натпревар, но сепак Зидан реши да го изостави од тимот кој вечерва ќе игра против Наполи.
Веќе се познати пошироките составите, а во оној на Реал го нема Герет Бејл. Затоа пак се очекува во тимот да се вратат Бразилецот, Марсело и Хрватот, Лука Модриќ.
Прв осминафинален меч меѓу Реал и Наполи во елитната Лига на шампиони ќе се игра вечерва на „Сантијаго Беранабеу“ со почеток од 20 часот и 45 минути.