Возач на автобус на Виенскиот градски превоз Волфганг Р. на постара патничка и вратил 390.000 евра, кои ги заборавила во автобусот.
При контрола на возилото на последната станица, тој нашол чанта на едно од седиштата.
“Најпрво помислив дека се работи за лекови или други предмети, но набрзо видов дека во чантата има пари”, раскажува возачот на автобусот, кој од безбедносни причини, морал да ја отвори торбата.
Откако видел дека има пари, тој ја известил полицијата.
Виенската полиција парите ги презела врз основа на сметка која била во торбата и ја идентификувала сопственичката.
Во меѓувреме парите и биле вратени на сопственичката, а возачот на автобусот не добил никаква награда, бидејќи државните службеници немаат право на тоа.