Неверување владее кај раководството и фудбалерите на Барселона по синоќешниот дебакл и поразот од Пари Сен Жермен со 4:0 во првиот осимнафинален дуел од Лигата на шампионите. Победата на парижаните е сосема заслужена, а со тоа се сложува и играчот на каталонскиот клуб Серхио Бускетс.
– Одиграа извонреден дуел. Беа подобри од нас во секој поглед. Едноставно не надиграа. Одлично делуваа и очигледно нивната игра тактички беше поставена без грешка. Останува да се надеваме дека на реваншот ќе ни се пружи шанса барем да го направиме дуелот неизвесен. Нивната предност е огромна, но нема предавање се додека постојат и теоретски шанси, изјави Бускетс.
Возвратниот дуел во Барселона е на 8 март.