Македонскиот репрезентативец Ванче Шиков е нов член на Работнички. Во наредните шест месеци ќе го носи дресот „романтичарите“ откако денеска потпиша договор за шестмесечна соработка, соопшти клубот од Скопје.
– Ванче Шиков е долгогодишен репрезентативец на Македонија и неговите квалитети се несомнени. Драго ни е што успеавме да се договориме и тој во наредните шест месеци ќе го носи дресот на нашиот клуб, изјави претседателот на Работнички, Драган Поповски.
Шиков по долг период на интернационална кариера се враќа во Македонија. Вели дека ќе го стави сето свое знаење и искуство во полза на Работнички.
– Постигнавме договор со Работнички и во пролетниот дел од шампионатот ќе го носам дресот на овој клуб. Мислам дека во моментов го одбрав најдоброто решение за мене. Имав неколку понуди и од Казахстан, но не сакав повторно да ми се случи непријатна епизода како во Азербејџан. За мене најважно во овој момент е да играм стандардно и токму затоа го одбрав Работнички. Верувам дека ќе помогнам клубот да ги исполни своите зацртани цели за излез во Европа, изјави Шиков.