ВМРО-ДПМНЕ: СЈО наместо да гони криминал, спроведува нарачки на Заев

Од:

ВМРО-ДПМНЕ во пишано соопштение до медиумите наведува дека „наместо да го гони криминалот, Специјалното Јавно Обвинителство го штити и аболицира криминалецот Зоран Заев и понизно ги спроведува неговите нарачки“.

– Катица Јанева го даде крунскиот доказ дека платеничката револуција за наводна нејзина поддршка, била всушност платеничка револуција во режија на Сорос/СДСМ само за да се спасат од кривичен прогон Заев, Верушевски и останатите членови на нивното злосторничко здружение. СЈО пред целата јавност уште еднаш докажа дека е најобична маша на СДСМ. Катица Јанева, уште еднаш потврди дека не е специјален туку селективен јавен обвинител кој понизно игра како што свири аболицираниот криминалец Зоран Заев, се вели во соопштението.

Јанева, според ВМРО-ДПМНЕ, „прави медиумски спектакли во случаи без покритие, само за да ги задоволи потребите за пропагандата од фабриките за афери на СДСМ“.

– Хајката која ја водат против ВМРО-ДПМНЕ деновиве ја доживеа својата најапсурдна епизода. Со последните обиди масовно, како во најлошите комунистички времиња, да се закануваат, уценуваат и вршат притисок масовно на членови на ВМРО-ДПМНЕ, Јанева и СЈО го пробија дното. Ова обвинителство целосно го загуби својот кредибилитет и интегритет. Правдата ќе победи, а Заев и неговите соработници ќе мора да се соочат со законот. Кога ќе се соочат со доказите за криминалот нема да им помогне ниту СЈО, ниту каква било платеничка револуција, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ