„Мозила“ се откажува од оперативниот систем „Фајрфокс“

Од:

Компанијата „Мозила“ во 2013 година го пласираше својот оперативен систем „Фајрфокс“, кој требаше да продолжи таму каде што застана „вебОС“, но сега реше да се откаже од него.

За разлика од „Епл“ и „Гугл“ кои се фокусираа на перформансите на своите софтверски и хардверски подобрувања, смартфоните со оперативен систем „Фајрфокс“ беа наменети примарно за пазарите во развој, како што се Индија и Индонезија, каде уредите се продаваат по ниски цени, дури и по 25 долари.

Но, во тоа немаше голем успех, бидејќи се увиде дека не е лесно да се произведуваат евтини уреди со оперативен систем „Фајрфокс“.

Компанијата реши повторно да се фокусира на веб броузерот „Фајрфокс“, додека 50-те вработени кои работеа на развојот на истоимениот оперативен систем и на проекти поврзани за пребарувачот, останаа без работа.

Тоа значи дека уредите како телевизорите на „Панасоник“, кои користат оперативен систем „Фајрфокс“ ќе останат без поддршка.

Би можело да ве интересира

Севернокорејските војници распоредени во Русија станаа зависни од интернет

Горан Наумовски

Македонија има најбрз интернет во регионот

ЦУК: Куче паднало во шахта и ги изгризало оптичките кабли, без интернет биле „Филип Втори“ и Поликлиника „Букурешт“

А1он

(ВИДЕО) Дел од профилите кои регрутираат граѓани за големата интернет измама за пари веќе не се активни, струмичката СмартКлик пријавила злоупотреба на името

Александар Тодески

(ВИДЕО) Масовна измама на интернет во Македонија, се нуди брза заработка

Александар Тодески

Ковачевски: Во Северна Македонија 83 отсто од домаќинставата имаат пристап до широкопојасен интернет

Горан Наумовски