Во Еквадор почнаа мировни преговори меѓу властите на Колумбија и АНО

Од:

Владата на Колумбија и последната активна партизанска организација во земјата, Армијата за национално ослободување (АНО), почнаа во Еквадор преговори за мир, кои имаат за цел да стават крај на вооружениот конфликт, кој трае повеќе од половина век.

Преговорите почнаа со свечена церемонија со присуство на претставникот на еквадорската Влада, Хуан Меригет. Тие ќе се одржуваат во близина на градот Саногли, на 30-тина километри од главниот град Кито.

Целта на преговорите е постигнување на целосен мир, напомена Меригет, по спогодбата, потпишана во ноември минатата година меѓу Владата и бунтовничката организација Револуционерни вооружени сили на Колумбија (ФАРК).

Главен преговарач од страна на колумбиската Влада е Хуан Камило Растрепо, а од страната на партизаните Пабло Белтран. Освен Еквадор гаранти на мировниот процес се уште пет земји, Бразил, Чиле, Куба, Норвешка и Венецуела, чии претсатавници исто така пртисуствуваа на церемонијата на отворање на преговорите.

Овие преговори се плод на тригодишни тајни дикусии меѓу Владата на колумбискиот претседател Хуан Мануел Сантос и АНО, која се уште има околу 1.500 членови.

Суштинските преговори почнуваат подоцна денеска зад затворени врати. Сегашниот круг ќе трае околу 45 дена, а следните преговори ќе бидат организирани во други земји гаранти, без Норвешка.

Склучувајќи мир со АНО, колумбиските власти сакаат да стават крај на вооружениот конфликт, кој датира од ’60-те години од минатиот век, во кој се убиени најмалку 260 илјади лица, како исчезнати се водат над 60 илјади, а 6,9 милиони биле принудени да ги напуштат своите домови.

Би можело да ве интересира

Колумбија ги забрани борбите со бикови

Претседателот Петро сака да го промени Уставот, илјадници Колумбијци на протести

Платил 175 илјади долари за да порасне 10 сантиметри: Може да дојде до тоа да не можам да се справам со болката

А1он

ВИДЕО: Гром уби млада мајка на плажа во Колумбија, снимен моментот на ударот

ВИДЕО: Спасени родителите на Дијаз, киднаперите убиени

Киднапирани родителите на ѕвезда на Ливерпул во Колумбија

Катерина Ѓуровски